Акти на фондацијата

Правна рамка и документи на фондацијата

За да ја оствариме нашата мисија, секое училиште да добие АЕД дефибрилатор и обучен персонал, неопходно е нашето работење да биде стабилно, уредено и целосно отворено кон јавноста.

Тука можете да ги најдете Статутот, Основачкиот акт и другите важни документи што ја уредуваат работата на фондацијата Виктор Кецман и гарантираат дека секоја активност на фондацијата е исклучиво во јавен интерес.

Преземете ги документите подолу за детално да се запознаете со правната рамка на нашето делување.

ФондацијаВиктор Кецман

Основачки акти

Основни акти со кои се уредуваат целите, дејноста и органите на управување на фондацијата.

Основачки акт 2026.
Извод од регистарот АПР

Во пребарувањето на АПР внесете матичен број 28836945

Интерни правилници и политики

Го уредуваат секојдневното работење на фондацијата и гарантираат дека секоја донација, избор на училишта и набавка на опрема се спроведуваат по јасни, етички и однапред утврдени постапки.

Етички кодекс на фондацијата
Правилник за критериуми за доделување донации
Политика за приватност
ФондацијаВиктор КецманАЕД во секое училиште

„Фондацијата е основана во спомен на Виктор Кецман (16), драгото момче кое ненадејно не напушти поради срцев застој за време на училишен час. Неговиот прерано изгаснат живот ја поттикна нашата мисија – да обезбедиме АЕД уреди и обука во секое училиште, за секое дете да ја има шансата што Виктор ја немаше.“